Опозицијата поднесе иницијатива за импичмент на Иванов

13.04.2016 14:47

Иницијативата, досега е потпишана од 37 пратеници, а во изјавата дадена пред зградата на Собранието, Горан Сугаревски ги повика сите парламентарни партии да ја поддржат оваа иницијатива и, како што рече, да преземат чекор за враќање на уставниот поредок во Република Македонија...

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието поднесе иницијатива за постапка за утврдување на одговорност за претседателот Ѓорге Иванов.

Иницијативата, досега е потпишана од 37 пратеници, а во изјавата дадена пред зградата на Собранието, Горан Сугаревски ги повика сите парламентарни партии да ја поддржат оваа иницијатива и, како што рече, да преземат чекор за враќање на уставниот поредок во Република Македонија.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека не се согласува со одлуката на Иванов, а ако е тоа така ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат во Собранието и да го потпишат предлогот. Во спротивно ќе потврдат дека станува збор за договор меѓу нив и Иванов, рече Сугаревски.