Собрание: Нема уставни и законски можности за свикување седница
13.04.2016 14:56
Во дописот стои дека биле направени консултации со стручните служби на кои уште еднаш било потврдено дека не постојат можности за свикување на ваква седница.

Со распуштањето, претседателот на Собранието нема уставни, законски и деловнички можности да свика седница, информираат од кабинетот на Вељаноски, по поднесувањето на иницијативата од СДСМ за постапка за утврдување на одговорност за претседателот Иванов.
Во дописот стои дека биле направени консултации со стручните служби на кои уште еднаш било потврдено дека не постојат можности за свикување на ваква седница.
Кога Собранието е распуштено, според Уставот, седница може да биде свикана само во случаи на воена опасност и вонредна состојба, односно природна непогода или епидемија.
