Хан: Одржување избори во секој случај

13.04.2016 15:12

Хан со став: Изборите ќе се одржат во секој случај, бидејќи тоа е според уставот на Поранешната југословенска Република Македонија...

Во последното интервју за Радио Слободна Европа, еврокомесаро Хан со став: Изборите ќе се одржат во секој случај, бидејќи тоа е според уставот на Поранешната југословенска Република Македонија. Сега кога парламентот е распуштен, неопходно и важно е да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница.

Во спротивно, според Хан земјата нема да има евроатлантска перспектива поради тоа беше сеопфатната цел на нашите активности и напори кои беа прифатени во договорот од јуни/ јули минатата година.

Ако сега сѐ е коригирано или неимплементирано,тоа е против интересот на граѓаните на земјата и политичките лидери треба да сфатат дека тоа ѝ штети на целата перспектива на земјата и дека ризикуваат да бидат ставени во изолација- вели еврокомесарот Хан.