Стабилна политичка стостојба- повеќе туристи
За бизнис заедницата е важно кога политичката неизвесност ќе заврши. Во вакви услови не е можно зголемување на произвоството, пласман на други пазари и склучување нови договори – реагираат компаниите. И туристичките работници стравуваат за успехот на сезоната...

10 до 15 проценти повеќе туристи во земјава очекуваат од туристичко-угостителската комора, но стравуваат дека ова бројка ќе остане само желба доколку не се смири политичката состојба. Според нив, странските медиуми постојано известуваат дека во Македонија има бегалска криза, најавите за протести можат дополнително да ги исплашат странските гости. Велат, лани се бореле да ја спасат туристичка сезона, во мај беа протестите и контра протестите.
„Минатата година органзиравме, после протестите да нема никаков проблем. Ние тоа го работиме како еснаф, како фела. Но, ако се случат некои поголеми проблеми, за три дена може да се изгуби дестинацијата во наредните пет години. Не можеш да ја вратиш, што и да сакаш да направиш“, вели Аркан Керим, претседател на Туристичко- угостителската комора.
Од Сојузот на стопански комори велат дека политичката состојба има рефлексија врз бизнис - климата во земјава, за нив е важно да се знае кога ќе заврши оваа неизвесност.
„Станува збор дали банките ќе даваат кредити, дали компаниите ќе бараат кредити. Во вакви услови компаниите ги ефектуираат постоечките нарачки со своите трговски партнери, меѓутоа, зголемувањето на производството, освојување на нови пазари, склучување договори со нови партнери, преземање на развојни или инвестициони активности, не можат да дојдат во прашање“, смета Митко Алексов, извршен директор на ССК.
И додека се чека разврска, туристичките работници велат дека Македонија е веќе дел од продажните каталози на странските тур- оператори. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашни туристи во феруари годинава е зголемен за 17, 6 проценти со истиот период лани, додека бројот на странски туристи е зголемен за 4,9 проценти.
Наташа Јанчиќ
