Заштита на жените- мигрантки од насилство
Мигрантките кои патуваат сами или со своите деца без партнер се најизложената група на сексуално и други видови насилства. Во земјава нема пријавени случаи но невладините организации бараат што поскоро да биде ратификуван документот кој Македонија го потпиша во 2011 за заштита на мигрантките од сексуално насилство...

На пат од воените жаришта до европските земји мигрантките се изложуваат на разни злоупотреби. Најчесто се силувани или принудувани на сексуални услуги од криумчарите. Најмногу страдаат жените кои патуваат сами или со своите деца без партнерот, но често не го пријавуваат насилството.
Оваа категорија станува уште поранлива поради својот нерегулиран статус низ земјите низ што минуваат. Ризично за нив е и во прифатилиштата или камповите во кои престојуваат, особено во ноќните часови. Од Обединетите нации велат ги следат состојбите во камповите низ земјава- Табановце, Визбегово, Гевгелија.
Невладината национална мрежа побара властите во земјава да ја ратификуваат истанбулската конвенција која е потпишана во 2011-та, бидејќи во неа се дефинира што треба да преземе државата за да ги заштити мигрантките од насилство.
Фиљана Кока
