Аус опен-14 ден

13-ката среќна за Вавринка

26.01.2014 15:36

Последен топол Мелбурнски ден на првиот тениски грен слем...

Последен топол Мелбурнски ден на првиот тениски грен слем. Во него како последни на терен, Вавринка-Надал...и....Сонот е таков, некогаш преминува во јаве, некогаш останува во мечтите, овој беше сон за пехар во рака, но реалниот резон го калкулираше Рафаел Надалсветски и турнирски број еден. Но она до кое грчевито се бореше и избори Станислас Ваврика го донесе до првиот освоен грен слем трофеј, во своето прво грен слем финале, по првиот воопшто освоен сет против големиот Надал.

Но што е најважно, Австралија пиша уште едно ново име освојувач во 102-то годишно битисување на турнирот швајцарецот Станислс Варвринка, популарниот Стен.Можеби не на ниво финале како се посакуваше и очекуваше од двајцата најагресивни и најупорни, кој газат со сета сила од почеток до крај. Започна неочекувано лесно за 8-миот на Род Левер Арената Вавринка, 6:3, вториот продолжи во ист ритам, до моментот кога се виде силниот грч на лицето на Надал. Го стигна Рафа навидум игнорирачката болка во грбот. Следеше медицински тајм-аут кој го исфли од колосек Вавринка. Швајцарецот по кавгата со судијата во третиот сет влезе нервозно психичи деморализиран за Надал успее колку толку да се одолжи на моментот финале и сите инволвирани во него, па ја сврте накратко работата  доволно за 4-ти сет. Но и таму Вавринка она што му се пружи како шанса непомисли и недозволи да му се лизне од рака и така би, Вавринка без многу емоции со помешани чуства и со многу респект кон својот добар пријател Надал високо ги крена рацете.

Ова беше 13-ти меѓусебен дуел на овие двајца борци во кој за првпат и тоа во најзначајниот победува Вавринка, тенисерот кој од утре од 8-та позиција на АТП поредокот оди на третата, додека Рафа ја зголемува лидерската бодовна разлика.Швајцарецот по 21 година ќе биде запаметен и како тенисер кој на еден грен слем ги става пред себе на колена првиот и вториот носител во случајов Надал и Џокович, па и тројца од топ 10-ката.Надал пропушти шанса да се изедначи со Сампрас на вечната листа со освоени 14 грен слема во 19-тиот обид, како и да биде тенисер кој сите грен слема ги има освоено барем по два пати.Како и да е банковното конто и обајцата солидно  го набилдаа, победникот за 2,6 милиони австралиски долари, поразениот напола од него.