КСС и ССМ со поддршка за одлуката на претседателот Иванов
Сметаат дека претседателот на државата, со вчерашната одлука, го означил патот за излез од кризата и го посочил правецот на национално обединување по сите линии.

Синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и синдикати од Сојузот на синдикати на Македонија му честитаат на престедателот Иванов, за како што велат храброста и одлучноста во овие мигови и го охрабруваат да издржи на патот по кој што чекори.
Сметаат дека претседателот на државата, со вчерашната одлука, го означил патот за излез од кризата и го посочил правецот на национално обединување по сите линии.
Убедени сме, велат од синдикатите, дека неговата одлука ќе значи почеток и брзо разрешување на исклучителните опасни состојби со кои, за жал нашата сакана татковина е соочена.
Синдикатите апелираа до граѓаните да не реагираат имулсивно, туку внимателно да ги анализираат образложенијата на Иванов.
