СДСМ поднесе предлог за импичмент за претседателот Иванов

13.04.2016 16:36

Опозицијата предводена од СДСМ поднесе предлог за импичмент за претседателот Иванов. Бараат итно свикување на Собранието за да се утврди одговорност на претседателот. Реагираа и дел од помалите партии...

Пратеничката група на СДСМ поведе постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иавнов. Според опозициските пратеници, постојат услови Собранието да се состане. Иницијативата за седница ја потпишале 37 пратеници.

И павле трајанов од Демократскиот сојуз најави дека до Собранието ќе достави иницијатива за свикување вонредна седница за поништување на одлуката за распуштање и за отпочнување постапка за импичмент на Иванов.

„Запрепастувачка одлуката донесена во време на нефункционална техничка влада и распуштен парламент“- оценка на ГРОМ. Партскиот лидер, Стевчо Јакимовски вели дека некој, извршил силен притисок претседателот да донесе одлука за амнестија.

Социјалистичката партија, пак, ја подржува одлуката за амнестија.

Според Социјалистите, одлуката на Иванов доаѓа во време кога се загрозени најсуштествените национални и државни интереси.

 

Миле Ристески