Вељаноски: Немам уставни можности да закажам седница

13.04.2016 17:01

Првиот парламентарец вели: како човек и како пратеник ниту сум побарал, ниту ја прифаќам одлуката за аболиција на претседателот Иванов.

Со распуштањето, претседателот на Собранието нема уставни, законски и деловнички можности да свика седница, информираат од кабинетот на Вељаноски.

„Денес примив иницијатива со која се бара свикување на итна седница на Собранието за покренување постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста. Јас како претседател немам уставна или законска можност да закажам седница, верувам дека ова добро го знаат колегите пратеници“ - се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски.

Првиот парламентарец вели: како човек и како пратеник ниту сум побарал, ниту ја прифаќам одлуката за аболиција на претседателот Иванов. Сметам дека секоја јавна личност и политичар, вклучувајќи го и претседателот на државатата, треба да сноси одговорност за своите постапки и одлуки.