Протест на ГДОМ пред Собранието и седиштето на СДСМ

13.04.2016 23:01

Учесниците на протестот изразија незадоволство од одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да се аболицираат претседателот на СДСМ Зоран Заев и првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски...

Пред Собранието на Република Македонија и пред седиштето на опозициската СДСМ вечерва се одржаа протести во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

Учесниците на протестот изразија незадоволство од одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да се аболицираат претседателот на СДСМ Зоран Заев и првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, кои, според нив, со прислушувањето ја загрозиле безбедноста на државата.

Протестот помина мирно и без инциденти. Пред насобраните граѓани говореа членовите на здружението ГДОМ, Тони Михајловски и Александар Пандов кои рекоа дека Заев и Верушевски мора да одговараат за на што го сториле. Тие додадоа дека имаат разбирање за одлуката на претседателот, но оти се за тоа, како што посочија, криминалците да го добијат она што го заслужиле.

Протетсот почна пред Собранието на Република Македонија од каде учесниците се упатија кон седиштето на СДСМ.