Земјоделците да внимаваат на заштита на животната средина

14.04.2016 10:17

За да го остварат правото на субвенции, земјоделските производители мораат да внимаваат и на заштитата на животната средина. Во наредните години овој услов ќе се воведува постепено.

Добрата земјоделска практика, квалитетот на производите, заштита на животната средина и оптимално користење на водата се условите за добивање субвенции во наредните години.

Земјоделците ќе мора да ги евиентираат употрбените заштитни средства, ѓубривата и добиениот род.

Најмалку еднаш во пет години треба да спроведува и хемиска анализи на почвата, за да се знае кои средства се користени.

Принципите на добрата земјоделска практика ќе се воведуваат постепено и на почетокот  ќе важат само за одредени производители и за поголемите стопанства.

 

Методија Трајков