Дракслер во Арсенал?!

26.01.2014 15:40

И покрај категоричноста на Арсен Венгер...

И покрај категоричноста на Арсен Венгер дека Арсенал нема да се засилува до крајот на јануарскиот преоден рок, „Дејли меил“ има поинакви информации. Според престижниот англиски дневен весник, Џулиан Дракслер ќе се пресели во Лондон до крајот на наредната недела, иако клубовите се уште не можат да се договорат за цената. Наводно Арсенал нуди 36, а Шалке бара 45 милиони евра.

Дракслер настапува како офанзивец во средниот ред, но според „Дејли меил“, менаџерот на Арсенал планира да му додели нова улога на 20-годишниот играч. Венгер сака фудбалер од профилот на Робин Ван Перси или на Тјери Анри, па можеби затоа новинарите претпоставуваат дека Дракслер може да добие улога на централен напаѓач. Талентираниот германски играч има договор со Шалке до 2018-та, но „Дејли меил“ пишува дека и негова желба е да се пресели на „Емирејтс“ во северен Лондон.