Дванаесет приведени, повредени новинар и фоторепортер во синоќешните протести
14.04.2016 10:37
Демонстрантите синоќа ја демолираа Народната канцеларија на претседателот Иванов, искршени се и прозорцирте и мебелот, а оштетена е и зградата на Министерството за правда...

Дванаесет приведени, еден повреден новинар и еден фоторепортер е резултатот од протестите што синоќа се одржаа пред Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје, информираат од МВР.
Демонстрантите синоќа ја демолираа канцеларијата, искршени се и прозорцирте и мебелот, а оштетена е и зградата на Министерството за правда.
Причина за насилните протести е револтот на демонстрантите од одлуката на претседателот за општ прекин на сите кривични постапки против политичарите и нивните соработници, поврзани со прислушувањето и со политичката криза.
