Хан: Кризата може да се реши само политички, не со насилство
14.04.2016 10:40
Тој ги повика сите политички партии и граѓани да се воздржат од насилство и да се справат со кризата со политички инструменти.

Кризата може да се реши само со политички средства, а не со насилство, порача на својот Твитер профил, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.
Тој ги повика сите политички партии и граѓани да се воздржат од насилство и да се справат со кризата со политички инструменти.
Политичарите да се вратат на преговарачка маса, побара еврокомесарот на Твитер, по синоќешните протести во главниот град на земјава.
