По вчерашните протести, состојбата на јужната граница е мирна
14.04.2016 10:48
Околу 500 мигранти вчера се обидоа насилно да ја преминат македонската граница, при што македонските безбедносни сили интервенираа, применувајќи соодветни мерки.

Состојбата по вчерашните протести на мигрантите од импровизираниот камп во Сеово, на грчко- македонската граница, е релативно мирна. Околу 11 илјади мигранти, и натаму се во кампот, и тие не се расселуваат од грчките власти во блиските прифатни центри, во Кукуш, Поликастро и во Херсон.
Околу 500 мигранти вчера се обидоа насилно да ја преминат македонската граница, при што македонските безбедносни сили интервенираа, применувајќи соодветни мерки.
Насилните протести се случија за време на посетата на претседателите на Македонија, Хрватска и Словенија на јужната македонска граница.
