Панама: Конфискувани дигитални фајлови од „Мосак Фонеска“

14.04.2016 10:54

Официјални панамски претставници изјавија дека немало апсења. Целта на акцијата било да се дојде до докази за незаконски активности на компанијата.

Панамските власти конфиксуваа десетици фајлови во седиштето на адвокатската фирма „Мосак Фонеска“, која е во центарот на скандалот со истекувањето на т.н. Панамски документи.

Официјални панамски претставници изјавија дека немало апсења. Целта на акцијата било да се дојде до докази за незаконски активности на компанијата.

Истекувањето на документите од панамската компанија предизвика гнев кај јавноста поради можноста која богатите и влијателни луѓе во светот ја имаат за да кријат пари и да избегнат плаќање даноци.