Обама: Исламска држава е во дефанзива
Во кусото обраќање по состанокот со советниците за национална безбедност во седиштетот на ЦИА, Обама рече дека варварската природа на организацијата го обединува светот и ја јакне одлучноста на коалицијата да ги искорени терористите.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека коалицијата предводена од САД која се бори против Исламската држава во Сирија и во Ирак ја принудила милитантната група на дефанзива и ги убила клучните лидери.
Во кусото обраќање по состанокот со советниците за национална безбедност во седиштетот на ЦИА, Обама рече дека варварската природа на организацијата го обединува светот и ја јакне одлучноста на коалицијата да ги искорени терористите.
Тој додаде дека САД и светот мораат да му помогнат на Ирак да ги стабилизира своите градови кои беа под контрола на ИД.
