Зика предизвикува аномалии при самото раѓање

14.04.2016 11:39

Заклучокот е базиран во дел од серијата испитувања во Бразил, каде илјадници бебиња во текот на изминатата година се родени со деформитети, што се совпадна со инфекциите предизвикани од вирусот Зика.

Американски научници и здравствени службеници потврдија дека вирусотот Зика предизвикува деформации при самото раѓање, вклучувајќи ја и микроцефалијата.

Заклучокот е базиран во дел од серијата испитувања во Бразил, каде илјадници бебиња во текот на изминатата година се родени со деформитети, што се совпадна со инфекциите предизвикани од вирусот Зика.

Експертите сметаат дека најновата студија претставува пресврт во врска со епидемијата на Зика вирусот. Досега во САД се регистрирани 346 случаи на Зика.