ММФ прогнозира раст од 3,6% на македонската економија

14.04.2016 11:53

И покрај политичката криза, оваа проценка е за -0,4 процентни поени повисока од последната што Фондот ја даде во октомври лани.

Економскиот раст на Македонија оваа и следната година ќе достигне 3,6 проценти- во најновиот извештај прогнозираат меѓународните монетраци.

И покрај политичката криза, оваа проценка е за -0,4 процентни поени повисока од последната што Фондот ја даде во октомври лани.

Меѓународниот монетарен фонд по трет пат ја намали прогнозата за глобалниот раст, од 3,4 на 3,2 насто. Велат, потребен е проактивен одговор на кризата како комбинација од силни структурни фискални и монетарни мерки.