Германија: Болничар осомничен за смртта на 24 пациенти

14.04.2016 12:40

Полицијата сега истражува 200 смртни случаи и во други клиники во кои работел осудениот.

Поранешен болничар во Германија кој е осуден на доживотен затвор за две убиства, сега е осомничен и за смртта на уште намалку 24 пациенти. Сите биле убиени со смртоносна доза лекови.

Полицијата сега истражува 200 смртни случаи и во други клиники во кои работел осудениот. Во текот на минатогодишниот судски процес, еден од сведоците, лекар во болницата каде биле извршени двете убиства, го опишал болничарот како човек „посветен на работата“ и како вработен кој оставал добар впечаток на целиот персонал.

Доколку се потврдат сомнежите на полицијата, Нилс Х. ќе биде еден од најголемите масовни убијци во повоена Германија.