Боко Харам објави нова снимка со киднапираните девојчиња
14.04.2016 13:18
Видео-снимката е снимена најверојатно во декември минатата година и е испратена до владата во Нигерија, а на неа се прикажани 15 девојчиња во црна облека, кои се претставиле како ученички киднапирани од училиштето.

Нигериската исламистичка група Боко Харам објави нова видео снимка, на која наводно се дел од 276-те девојчиња, кои беа киднапирани на денешен ден пред две години во градот Чибок.
Видео-снимката е снимена најверојатно во декември минатата година и е испратена до владата во Нигерија, а на неа се прикажани 15 девојчиња во црна облека, кои се претставиле како ученички киднапирани од училиштето.
Некои од девојчињата биле препознаени од нивните родители. Ова е прва снимка на девојчињата од мај 2014 година.
