Политичарите да бидат одговорни бара бизнисот

14.04.2016 13:22

Бизнис заедницата вели дека странските партнери одбегнуваат земји со политички превирања, а одлуките за инвестирање се пролонгираат.

Стопанската комора на Северозападна Македонија побара завршување на политичката криза, затоа што трае предолго и предизвикува сериозни штети особено кај малите и средните фирми.

Бизнис заедницата вели дека странските партнери одбегнуваат земји со политички превирања, а одлуките за инвестирање се пролонгираат.

Од политичките субјекти се бара посветеност, одговорност и носење издржани одлуки, имајќи го предвид пред сѐ интересот на земјата, а не на партиите.