Училиштето „Круме Кепески“ во Кисела Вода енергетски обновено

14.04.2016 13:32

Градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ информираше дека најкритична била состојбата со покривот со азбестни плочи и додаде оти при поројни дождови доаѓало до прокиснување и влага.

Подобрену условите за престој и настава на учениците во основното училиште „Крумен Кепески“ во општина Кисела Вода. Објектот е реновиран и подобрена е  енергетска ефикасност. Општината, приватниот сектор и УНДП заеднички го реконструираа училиштето.

Градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ информираше дека најкритична била состојбата со покривот со азбестни плочи и додаде оти при поројни дождови доаѓало до прокиснување и влага.

Претставникот на УНДП, Луиза Винтон, истакна дека ова е одличен пример за соработка меѓу општината, приватниот сектор и Програмата за развој на Обединетите нации.

Ја намаливме емисијата на стакленички гасови во придонес на климатските промени и обезбедивме подобри училници за учениците и вработените, рече Винтон и изрази надеж дека и другите општини ќе го следат примерот на Кисела Вода.