Спасовски: Нема пропусти во полициската акција
Секој има прво мирно и демократски да го изрази своето видување и револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно и мирно како што доликува на демократски свет, рече министерот за внатрешни работи...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше и упати јавен повик до граѓаните на Република Македонија за мирни и ненасилни протести.
Секој има прво мирно и демократски да го изрази своето видување и револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно и мирно како што доликува на демократски свет, рече министерот за внатрешни работи Спасовски по денешниот работен состанок со началникот на СВР Скопје и луѓето вклучени во обезбедување на синоќешните протести.
Апелира да нема насилства и напади врз полицијата и да не се уништува имотот.
