Членството на Македонија во НАТО и ЕУ нема алтернатива
Споделувањето на евроатлантските вредности и исполнувањето на реформите се клучни за тоа, дебата во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија. Сите политички субјекти треба целосно да бидат посветени на решавање на политичката криза...

На членството во НАТО треба да се гледа како суштински предуслов за поголема безбедност и стабилност. Според претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Рамадани, за надминување на политичката криза е потребна помош и од меѓународната заедница.
Членството во НАТО и во ЕУ нема алтернатива, но како што вели Золт Рабаи, исполнувањето на реформите зависи и од ефективниот дијалог на политичарите.
Македонија ги споделува истите вредности и интереси со земјите членки на Алијансата, вели заменик- министерот за одбрана Максути. Членството во евроатлантските институции ќе има позитивно влијание врз демократскиот и економскиот развој на земјата.
Интеграцијата во НАТО и ЕУ е заедничка обврска, главна политичка определба и цел на сите политички партии, општествени чинители и граѓани, беше речено на дебатата.
Милчо Велески
