Студенти од Правниот факултет побараа професорите да го соопштат својот став за одлуката на Иванов
14.04.2016 14:41
Тие рекоа дека иако функцијата на Иванов како редовен професор е ставена во мирување, Правниот факултет бил најповикан да го соопшти својот став за она што се случува.

Стотина студенти од Правниот факултет ја прекинаа наставата и побараа професорите да го соопштат својот став за одлуката на претседателот Иванов за аболицијата.
Тие рекоа дека иако функцијата на Иванов како редовен професор е ставена во мирување, Правниот факултет бил најповикан да го соопшти својот став за она што се случува.
Групата побара и да се ослободат нивни колеги кои биле повредени за време на демонстрациите.
