Отворен Саемот за туризам, се нудат поевтини аранжмани
Македонците и годинава најзаинтересирани за Грција и Турција, се нудат поевтини аранжмани, бидејќи политичките случувања ги уривале цените.

Се презентираат туристичките потенцијали со кои располага државата, како и понудите на агенциите за летување надвор од државава. Од првиот ден „Самот на туризам“ привлекува внимание. Од агенциите велат мора да ги промовираме и домашните убавини.
„Овој саем ќе го искористиме да го вклучиме и нашиот оддел за дојдовен туризам. Новина оваа година е чартер летот од Брисел“, изјави Асим Меѓедовиќ, директор на туристичка агенција.
Македонците и годинава најзаинтересирани за Грција и Турција, се нудат поевтини аранжмани, бидејќи политичките случувања ги уривале цените.
„Цените ќе бидат многу евтини, до 30 проценти од минатата година. Во хотел со 5 ѕвезди со 299 евра“, вели Шптим Мустафаи, директор на туристичка агенција.
Според црногорските туристички работници, кај нив цените не се менуваат со години.
„Приватно сметување во апартман за двајца чини од 20 – 25 евра на ден, додека цените во хотелите се различни и диктирани се од категоријата, локацијата, но сместување со појадок може да се најде и за 30 евра па нагоре“, изјави Тамара Крстовиќ, Туристичка организација Тиват.
Организаторите на саемската манифестација годинава очекуваат над 30.000 посетители.
Наташа Јанчиќ
