Осуда од Брисел за вчерашните насилни протести
„Насилството не е прифатливо“ – порака од официјален Брисел. Европската комисија бара партиите да го обноват дијалогот, но засега нема сигнал дали е можна нова лидерска средба со посредство на еврокомесарот Хан.

Осуда за вчерашните насилни протести на групата демонстранти во Скопје кои дивееја низ градот, како одраз на несогласување со одлуката на претседателот Иванов, поддржани од опозицискиот блок и група на НВО- пристигна денеска од официјален Брисел. Портпаролката на шефицата на европската дипломатија Могерини, Маја Коцијанчич, порача политичките партии да го обноват дијалогот.
„Што се однесува до протестите и насилството, би ве потсетила на нашиот став дека такво насилство не е прифатливо. Ние сметаме дека се уште има време да се вратат на преговарачка маса и веруваме дека одговорноста на политичките партии е да го сторат токму тоа“, изјави Коцијанчич.
Одлуката на председателот Иванов, која според ЕК го поткопува правниот систем на државата и ги отежнува напорите на меѓународната заедница, не значи и дека пржинскиот договор е мртов.
„Нашиот ангажман продолжува и тука и во Скопје, во тек се контакти со политичките субјекти. ПЈРМ е земја кандидат, која има многу јасни евроатлански аспирации и во тој контекст ние работиме со сите инволирани страни во интерес на надминување на политичката криза која предлого трае“, нагласи Коцијанчич.
Во моментов, најважно е да продолжи работата на Специјалниот јавен обвинител и да се работи на процесот на подготовка за кредибини предвремени парламентарни избори, како што и комесарот Хан истакна за „Слободна Европа“, согласно договорот од Пржино.
Од ЕК денеска не дадоа одговор дали и кога комесарот Хан ќе допатува во Македонија, како би посредувал во приближување на ставовите на двата политички блока.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
