Спасовски: Нема пропусти во полициската акција за време на протестите

14.04.2016 15:26

Министерот за внатрешни работи најави дека внатрешната контрола ќе утврдува дали имало или не прекумерна употреба на сила...

„Нема пропусти во полициската акција за време на протестите“ – тврди министерот за внатрешни, Спасовски, но најави дека внатрешната контрола ќе утврдува дали имало или не прекумерна употреба на сила. Во протестите беа приведени 13 луѓе, демолирани просторите на Канцеларијата на Претседателот на Рекорд и Министерството за правда, со повреди се здобија новинар и фоторепортери. Спасовски апелираше на мирни протести.

„Секој има прво мирно и демократски да го изрази своето видување и револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно и мирно како што доликува на демократски свет“, рече министерот за внатрешни работи Спасовски.

Реагираа медиумските организации. Самостојниот синикат ги осуди нападите врз медиумските работници, планираат да поднесат кривична пријава против непознат сторител од ЕБР.

Насилството го осуди и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - порача дека ова претставува напад врз слободата на медиумите. Со осуда излезе и Македонската асоцијација на новинари и Здружението на новинари, со барање да се откријат сторителите. Народниот правобранител бара се почитува правото на слобода на информирање.

 

Дијана Ценевска