ВМРО-ДПМНЕ предлага Иванов да ја преиспита одлуката за помилување
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до претседателот Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки.

ВМРО- ДПМНЕ излезе со официјален предлог до трите најголеми партии во кој предлага да побараат од претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука за аболиција.
„Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов не е во согласност со заложбите на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара“- се вели во соопштението.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до претседателот Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки.
Во текот на денот ВМРО-ДПМНЕ ќе стапи во контакт со преостанатите три партии, при што ќе им го понудиме нашиот предлог, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
