Заштита на македонската традиционална храна
15.04.2016 10:10
Македонија има голем на број региони познати по традиционалните јадења. Како и во Европа и кај нас законски се заштитуваат домашните специјалитети.

Тетовско гравче, осоговско сирење, охридски цреши. Македонија има специфични земјоделски производи и традиционални јадења од автентични суровини и региони.
Интересот за ваквата хранаво светот е зголемен поради подобрениот вкус, мирис, изглед и арома,наспроти ефтината храна на пазарите.
Специјалитетите се во ограничени количества.
Прописите за подготовка на храната се поинакви од индустриските, а на пример, вкусот на традиционалното сирење од бачило го прави подобро и побарано од производите во маркетите.
Овие производи како и во Европа и во Македонија се заштитуваат со закон.
Методија Трајков
