Компаниите тешко доаѓаат до свеж капитал

26.01.2014 17:00

Компаниите тешко доаѓаат до свеж капитал .Во услови на криза наплатата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат. Голем број на  мали и средни претпријатија пропаѓаат  поради  проблемот со тековната ликвидност. Хрватскиот консултант Андреја Швигер вели дека има законски одредби  но  компаниите немаат пари  да го исплатат долгот. Компаниите треба да го менуваат работењето, а менаџерите да ги носат тешките одлуки.

- За жал денеска сме во рецеција кој е се подлабока  и бара посебно однесување  кое во пракса е тешко да се реализира. Она што сме го заработиле порано, сега треба до го инвестираме .Тоа е психолошка бариера која е тешко да се пробие ,претпријатијата конечно треба  да тргнат во инвестициски циклус, вели  Андреја Швигар консултант  од  Хрватска.

 За Швигер кредитите се решение, бидејќи им помагаат на компаниите да застанат на нозе па дури и да остварат раст . Но  за тоа претходно треба да биде направено проценка.

- Ниту едно претпријатие не остварило раст без кредитна подршка . Но тука треба да се биде многу внимателен .Односот меѓу сопствениот и туѓиот капитал  треба да биде добро проценето од страна на менаџерите .Основата е во рентабилноста ,која доколку не е остварлива  ќе ја загрози и ливидноста, вели  Андреја Швигар консултант од Хрватска.

Состојбата и во Хрватска  не е розова оценува хрватскиот консултант. Опкружувањето е тоа што  ги диктира условите. Она што им преостанува на компаниите е да се менуваат  и да ги следат пазарните услови .

 Дијана Ценевска