Граѓани на улица против одлуката на Иванов

15.04.2016 10:26

Побараа негова оставка и замрзнување на процесот за одржување на изборите на 5-ти јуни...

Незадоволни граѓани од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов вчера повторно на улица. Побараа негова оставка и замрзнување на процесот за одржување на изборите на 5-ти јуни.

Од пред Собранието демонстрантите се упатија кон новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, но беа блокирани од кордонот полицајци. Протестираа  пред полициската станица кадешто се наоѓаат приведените 13 демонстранти.

20-тина минути дел од демонстрантите фрлаа разни предмети кон полицијата, по што беа потиснати кон раскрсницата од каде што заминаа кон владата.

Истовремено, пред зградата на Црвениот крст се собраа поддржувачи на „Граѓанското  движење  за одбрана на Македонија“. Упатија пораки дека „народот е посилен од сè“, и дека „на власт не се доаѓа со сила“.

Оттаму протестот на ГДОМ се префрли пред седиштето на СДСМ. Граѓаните го искажуваа несогласувањето против аболицијата на Зоран Заев и на Зоран Верушевски, бараа изборите да се одржат на 5-ти јуни со цел да се излезе од политичката криза.

Мирни протести се одржаа и во Битола.