Керим ја претстави програмата во ООН

15.04.2016 10:36

Според Керим, изборот на наследикот на Бан Ки Мун е историска шанса за земјите од источно-европската група...

Истекува мандатот на Бан Ки Мун, се бара неговиот наследник на функцијата Генерален секретар на Обединетите Нации. Меѓу кандидатите е и македонскиот дипломат, Срѓан Керим.

Тој пред Асамблејата ја претстави програмата. „Основна претпоставка, според моето искуство за успех во какво било ангажирање е да веруваш во тоа што го правиш. Јас верувам во Обединетите Нации, бидејќи е продукт на државници визионери и нивната колективна мудрост. Да и служиш на каузата на глобален мир и безбедност не е рутинска работа, туку се потребни искуство, ескпертиза, посветеност, страст и пожртвуваност“- рече Керим.

Според него, изборот на наследикот на Бан Ки Мун е историска шанса за земјите од источно-европската група. Керим има осум противкандидати.