Сандерс и Клинтон со меѓусебни обвинувања на дебатата во Бруклин

15.04.2016 11:08

Сандерс, ја обвини Клинтон за земање пари од Вол Стрит и за поддршка на американската инвазија во Ирак во 2003 година. Клинтон пак го критикуваше Сандерс за човек на кој не се разбира во политиката.

Демократските кандидати за претседател на САД, Хилари Клинтон и Берни Сандерс разменија обвинувања во дебатата во Бруклин пред партиските избори во Њујорк.

Сандерс, ја обвини Клинтон за земање пари од Вол Стрит и за поддршка на американската инвазија во Ирак во 2003 година. Клинтон пак го критикуваше Сандерс за човек на кој не се разбира во политиката.

„Доколку и двајцата продолжите да викате еден на друг, гледачите не ќе можат да ве слушнат“, ги предупреди водителот на телевизијата.