Деветмина загинати од силниот земјотрес во Јапонија
15.04.2016 11:26
Земјотресот предизвика и голема штета. Евакуирани се 44.000 лица од Кумамото, што се наоѓа на 900 километри југозападно од Токио.

Најмалку девет лица загинаа, а 950 се повредени во неколку потреси со интензитет од 6,5 степени според рихтеровата скала, кои го погодија југозападот на Јапонија.
Земјотресот предизвика и голема штета. Евакуирани се 44.000 лица од Кумамото, што се наоѓа на 900 километри југозападно од Токио.
Најмалку 19 куќи се урнале и избија повеќе пожари, соопштија спасувачките служби и локалните власти.
