Одбиено барањето за импичмент на Дилма Русеф
15.04.2016 11:28
За одбивање на владиниот предлог се изјаснија седум од десетте судии на Брховниот суд.

Врховниот суд на Бразил синоќа го одби барањето на федералната владата за поништување на процедурата за импичмент на бразилската претседателка Дилма Русеф.
За одбивање на владиниот предлог се изјаснија седум од десетте судии на Брховниот суд.
Владата вчера побара од судот да го спречи гласањето во парламнетот за импичмент на Русеф, кое е закажано за в недела.
