Софија загрижена за состојбата во Македонија

15.04.2016 12:14

„Како добар сосед и во својство на претседател на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, Бугарија е подготвена да соработува за изнаоѓање на решение“- истакнал Плевнeлиев за време на разговорот, пренесува неговата прес- служба.

Бугарскиот претседател Росен Плевнeлиев во телефонски разговор со претседателот на републиката Ѓорге Иванов изразил загриженост за случувањата во Скопје и надеж за намалување на тензиите.

„Како добар сосед и во својство на претседател на Процесот за соработка на Југоисточна Европа,  Бугарија е подготвена да соработува за изнаоѓање на решение“- истакнал Плевнeлиев за време на разговорот, пренесува неговата прес- служба.

Тој изразил убеденост дека за враќање кон политичката стабилност ќе придонесе организирањето фер и демократски избори, согласно законот и во интерес на сите граѓани.

Шефот на бугарската држава подвлекол дека последните години Бугарија исто така помина низ политички кризи. Решението, според него, е во дијалогот, во почитување на правилата, на принципот на владеење на правото и на Уставот.