Aртроскопија на рамо нов метод за операција
Артрозата се повеќе напаѓа. Притиска со силни болки и ограничено движење на рамото. Артроскопијата и во Македонија го замени стариот метод на отворен хируршки зафат. Ласерското отстранување трае час и половина. Пациентите безболно оперирани можат истиот ден да си одат дома. Закрепнувањето е забрзано. Нормални движења на рамениот зглоб без болка. Доктор Камиловски, кој го усовршуваше овој метод во Брисел, повеќе од два месецa го применува во државава..

„Влегувајќи со камерата внатре во рамото, всушност го гледаме дефектот, ја наоѓаме патолошката промена и со помош на специјални инструменти ја вадиме. Методата е дневна, пациентите доаѓаат наутро, а по извршувањеto на оперативната интервенција во попладневните часови се со своите семејства“ - проф. д-р Виктор Камиловски - специјалист хирург- трауматолог
По 2020 тата според американската статистика, бидејќи населението континуирано старее, ќе се зголеми бројот на луѓе кои што ќе имаат проблеми со зглобовите.
„И од друга страна обично остануваат со еден брачен партнер, замислете на возраст од 70 години и нагоре да остане човек без помош од партнерот, сите движења што треба да ги прави во рамето не може да ги прави, ако има патолошка состојба во рамото. Затоа оваа метода претставува златен стандард за ваквите пациенти“ - проф. д-р Виктор Камиловски – специјалист хирург- трауматолог
Од ноември, со новиот метод на артроскопија на рамениот зглоб, извршени се 20 интервенции. Трошоците се целосно покриени од Фондот за здравство. На Клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски вакви операции се извршуваат на колено и на рачен зглоб.
Андријана Атанасовска