Штајнмајер: Ослободувањето политичари од кривично гонење е штетно за владеењето на правото
Штајнмајер во соопштението лиферувано од германското МНР оценува дека ослободувањето политичари од кривично гонење е штетно за владеењето на правото и за правната сигурност...

Германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер ги коментираше последните случувања во земјава, притоа изразувајќи загриженост поради одлуката на претседателот Иванов.
Штајнмајер во соопштението лиферувано од германското МНР оценува дека ослободувањето политичари од кривично гонење е штетно за владеењето на правото и за правната сигурност.
Тој исто така смета дека одлуката е противречна на договорот постигнат меѓу партиите. Сега, приоритет е удвојувањето на напорите сите заедно да воспостават минимум услови за веродостојни избори што треба набрзо да се одржат, пишува во соопштението на германското МНР.
