Ципрас го обвинува ММФ за промени во условите
15.04.2016 12:31
Во авторски текст за британскиот весник „Фајненшл Тајмс“, Ципрас наведува дека 2016 година ќе биде година на социјален и економски препород на Грција.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го обвини ММФ дека се обидува да ги промени договорените услови од планот за спас на земјата, со што најголем дел од товарот би паднал врз сиромашните.
Во авторски текст за британскиот весник „Фајненшл Тајмс“, Ципрас наведува дека 2016 година ќе биде година на социјален и економски препород на Грција.
Во исто време, како што објави атинскиот весник „Катимерини“, првиот човек на ММФ, Кристин Лагард го повтори ставот дека е потребна промена на долгорочните цели по 2018 година, наведувајќи дека според сегашниот план, невозможно е нивно реализирање.
