Курц: Неприфатливо е мигрантите да употребуваат сила кон македонската полиција

15.04.2016 12:34

Курц во интерјуто вели дека границата мора да остане затворена, за да се испрати јасна порака дека рутата за минување мигранти низ Западниот Балкан е затворена.

„Неприфатливо е мигрантите да употребуваат сила кон македонската полиција“ – вели австрискиот шеф на дипломатијата, Себастијан Курц, во интервју за МИА. Тој смета дека е апсурдно што мигрантите се обидуваат, од земја – членка на Европската Унија да влезат во Македонија, која не е членка на ЕУ.

Курц во интерјуто вели дека границата мора да остане затворена, за да се испрати јасна порака дека рутата за минување мигранти низ Западниот Балкан е затворена.

Во однос на австриската поддршка, Курц вели дека неговата земја веќе испратила 20 полицајци, а ќе обезбеди и визири за ноќно забљудување, за да и се помогне на Македонија да ја заштити границата.