Орав: Функционален правен систем е од фундаментално значење за која било држава

15.04.2016 12:51

Ова е важно да се истакне особено во пресрет на последните случувања во земјава, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав на отворањето на твиниг проектот „Зајакнување на владеењето на правото“, финаниран од ЕУ.

Функционален правен систем е од фундаментално значење за која било држава што сака да има долготрајна демократија, просперитет и мир. Ова е важно да се истакне особено во пресрет на последните случувања во земјава, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав на отворањето на твиниг проектот „Зајакнување на владеењето на правото“, финаниран од ЕУ.

Сакам да ги повикам сите страни да избегнат понатамошна ескалација на кризата, намерни провокации со политичка цел се неприфатливи иако секогаш постои искушение во тоа. Доколку насилството започне ќе биде екстремно тешко да се запре и ќе врати години на реформи и напори за интеграција на земјата. Затоа во интерес на граѓаните и на процесот на евтоатлантска интеграција на земјата, ги повикуваме политичките сили да се вратат на преговарачка маса за деескалирање на ситуацијата и да продолжат со подготовка за спроведување кредибилни избори, рече Орав.

Тој истакна дека е значајно Специјалното јавно обвинителство и судовите да продолжат со својата работа, за како што вели, правдата и владеењето на правото да надвладеат.