Турција: Приведени припадници на „Ал Нусра“
15.04.2016 13:12
Фронтот Ал Нусра, што дејствува главно во Сирија, се смета за терористичка организација од Турција од 2014-та година.

Турски полицајци од силите за борба против тероризмот во Адана, Јужна Турција, привеле 11 осомничени припадници на ал нусра.
Се смета дека осомничените биле во контакт со борци на Ал Нусра во Сирија и во други турски градови. Според полицијата во Адана, тие веројатно биле вмешани во врбување на други борци, кои би се бореле во Сирија.
Фронтот Ал Нусра, што дејствува главно во Сирија, се смета за терористичка организација од Турција од 2014-та година.
