Чешка: Поедноставна форма на името
15.04.2016 13:42
Чешките власти ќе побараат од ОН да биде регистрирана поедоставена форма на нејзиниот назив, кој официјално ќе се користи во сите земји...

Чешките власти повеќе не сакаат официјалното име на земјата, која многу држави ја нарекуваат Чешка Република, да биде несоодветно кратено и изобличувано и ќе побараат од ОН да биде регистрирана поедоставена форма на нејзиниот назив, кој официјално ќе се користи во сите земји.
Меѓутоа, се јавија и противници на употребата на кратката форма на името на Чешка, меѓу кои е и министерката за регионален развој Карла Шлехтова.
