„Чаушот“ седна на обвинителна клупа
Неговиот бранител, адвокатот Вујиќ пред судот ја отвори и дилемата дали обвинетите браќа требало да бидат опфатени со групната аболиција и зошто претседателот Иванов ги изоставил?

Не ги виделе доказите, па побараа одложување на судскиот процес за да можат да состават одбрана. Зекир Бекири, викан Чауш и неговиот брат Имер седнаа на обвинителна клупа. Им се суди за случајот Фабрика за афери, односно за печатење лажни лични карти, пасоши и други документи. Неговиот бранител, адвокатот Вујиќ пред судот ја отвори и дилемата дали обвинетите браќа требало да бидат опфатени со групната аболиција и зошто претседателот Иванов ги изоставил?
„Ако некој во оваа држава беше третиран како соработник, беше ова лице што го видовте. Беше човечки да се очекува да го најдете на списокот, меѓутоа претпоставувам дека претседателот сфатил дека не се работи за тоа“, вели адвокатот Мирослав Вујиќ.
Чаушот тврди дека бил повикан во обвинителството, а таму, како што вели го дочекал директорот на УБК Андоновски кој лажно му се претставил како Александар. Од него побарале да потпиша изјава дека од Зоран Заев и Зоран Верушевски примил УСБ – стик со прислушувани разговори. Кога обдил да потпише, почнале да го уценуваат.
При претресите во домот на Бекири лани во декември беа откриени повеќе од 70.000 снимени разговори, кои, според сознанијата на истрагата, требало да бидат употребени како материјал за уценување на бизнисмени и политичари.
Анита Димитријевска
