Орав: Да не се дозволи ескалација на кризата

15.04.2016 15:34

„Сите страни да избегнат натамошна ескалација на кризата. Доколку започне насилство, ќе биде екстремно тешко да се запре. Тоа ќе значи враќање години наназад на планот на реформите и европската интеграција“ – оваа порака ја испрати европскиот амбасадор во земјава, Аиво Орав. Уште еднаш побара партиите да се вратат на преговарачка маса...

Европската унија апелира до сите политички актери да не дозволат ескалација на кризата, бидејќи тоа ќе ја оддалечи земјава од евро-атлантските интеграции. Евроамбасадорот Авио Орав повторно ги повика политичарите да се вратат на преговарачка маса.

„Сакам да ги повикам сите страни да избегнат натамошна ескалација на кризата, намерни провокации со политичка цел се неприфатливи иако секогаш постои искушение во тоа. Доколку насилството започне ќе биде екстремно тешко да се запре и ќе врати години на реформи и напори за интеграција на земјата. Затоа во интерес на граѓаните и на процесот на евтоатлантска интеграција на земјата ги повикуваме политичките сили да се вратат на преговарачка маса за деескалирање на ситуацијата и да продолжат со подготовка за спроведување кредибилни избори“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав.

Функционален правен систем е од фундаментално значење за која било држава што сака да има долготрајна демократија, просперитет и мир. Ова е важно да се истакне особено во пресрет на последните случувања во земјава, изјави Орав.  Тој истакна дека е значајно Специјалното јавно обвинителство и судовите да продолжат со својата работа, за како што наведе, правдата и владеењето на правото да надвладеат.

 

Наташа Јанчиќ