Првата дама на Франција ја напушти Елисејската палата.

26.01.2014 17:18

Францускиот претседател Оланд и официјално соопшти дека се разведува од својата животна сопатничка Валери Триавилер. Разделбата доаѓа по обелоденувањето на љубовната афера меѓу Оладн и актерката Жули Гаје. Неколку часа откако Оланд ја објави разделбата, досегашната прва дама на твитер му се заблагодари на персоналот на Елисејската палата. Никогаш нема да ја заборавам преданоста и емоционалноста во моментот на моето заминување, напиша Триавилер. 

Најмалку 50 загинати и околу 300 повредени од почетокот на уличните протести во Каиро кои почнаа на денот од тригодишнината од соборувањето на екс претседателот Мубарак. Уапсени се повеќе од илјада лица. Во меѓувреме, привремениот шеф на египетската држава Мансур изјави дека претседателските избори ќе се одржат пред парламентарните. Ова отстапува од политичкиот план донесен по соборувањето на Морси, според кој прво требаше да се одржат парламентарните избори.

Судбината на Башар Ал Асад може да се решава само во рамките на сирискиот Устав, беше децина членката на делегацијата на официјален Дамаск на новите преговори со сирискат опозиција во Женева. Според неа, пред почетокот на политичкиот процес во Сирија треба да прекинат сите воени дејствија, додавајќи дека сириската Влада е подготвена да ја разгледа можноста за прекин на огнот. Сириската опозиција достави список за размена на заробеници, правдајќи се дека во зараобеништво не држи цивили.. Владината делегација тврди дека опозицијата е одговорна за илјадници киднапирања и побара ослободување на затворениците.

 Снежно невреме и ниски температури на Балканот. Хрватска и Босна и Херцеговина оковани во снег. Во Загреб денеска 7 степени под нулата, а најстудено беше во Ѓаково каде што се измерени минус 11 степени. Снежната покривка во некои делови на Босна и Херцеговина достигна и до 20 сантиметри. Поради ветрот се очекуваат и снежни виулици.

Mаја Стојанова