Србија: Во акцијата „Скенер 2“ приведени 49 лица

15.04.2016 15:39

Меѓу нив има раководители и вработени во Министерството за финансии, Даночната управа, функционери на локалната самоуправа, јавни претпријатија и 12 сообраќајни полицајци.

Во полициската акција „Скенер 2“, во Србија  се приведени  49 лица осомничени за мито и корупција, перење пари и други видови стопански криминал. Сите осомничени го оштетиле буџетот на Србија за 7,6 милиони евра во периодот од 2007-ма година до денес.

Меѓу нив има раководители и вработени во Министерството за финансии, Даночната управа, функционери на локалната самоуправа, јавни претпријатија и 12 сообраќајни полицајци.

Министерот за внатрешни работи Стефановиќ изјави дека против 25-мина е поднесена кривична пријава во редовна постапка, а по две се уште се трага.