СЈОРМ достави до судот одлуки за „Маѓар телеком“, „Поткуп“, „Шпион“ и „Надеж“
Во првата одлука Советот наведува дека Основното јавно обвинителство е надлежно да постапува по предметите против обвинетите во случајот „Маѓар телеком“. Според втората, Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција има надлежност за предметите „Поткуп“, „Шпион“ и за две постапки од случајот „Надеж“ во делот поврзан со „Маѓар телеком“.

Советот на јавните обвинители до Основниот суд 1 во Скопје достави две одлуки поврзани со предметите „Маѓар телеком“, „Поткуп“, „Шпион“ и „Надеж“.
Во првата одлука Советот наведува дека Основното јавно обвинителство е надлежно да постапува по предметите против обвинетите во случајот „Маѓар телеком“. Според втората, Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција има надлежност за предметите „Поткуп“, „Шпион“ и за две постапки од случајот „Надеж“ во делот поврзан со „Маѓар телеком“.
Од скопскиот Кривичен суд соопштија дека наведените предмети се во различна фаза на постапување, според нивната активност, жалбената постапка пред повисоката инстанца или пак се однесуваат на постапки коишто се уште не се поведени.
Од Судот соопштија и дека донесените одлуки на Советот на обвинителите ќе бидат припоени кон соодветните кривични предмети на овој суд за натамошно надлежно постапување на судиите, при што надлежниот судија ќе ја има предвид надлежноста на конкретното обвинителство.
